ИНТЕРНАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ - МАКЕДОНИЈА
Израелски Антитерористички Тренинг Центар
Времетраење: 5 дена

Наменет за лица кои сакаат да се запознаат со најновите Израелски тактики и методи на одговор на напад.

ЦЕЛИ НА ТРЕНИНГОТ:

  1. Им овозможува на студентите тестирање на нивната подготовка и способност за работа во ВИП Заштитата.
  2. Им дава прогнози на самите учесници на курсот или на неговиот претпоставен.

ТРЕНИНГ ПРЕДМЕТИ:

МОДУЛ 1- ИЗРАЕЛСКА МЕТОДА ЗА НЕВООРУЖЕНА ЗАШТИТА (КРАВ МАГА)

МОДУЛ 2-ИЗРАЕЛСКА ВООРУЖЕНА ЗАШТИТНА МЕТОДА

ПОСТИГНУВАЊА НА СТУДЕНТИТЕ:

Целта на тренингот е да се подобри и зголеми тактичката способност и оперативниот фитнес на персоналот за заштита, за подобро справување со терористичките и насилните инциденти.

МЕТОДИ НА ОБУКА:

  • Методи на комбинирана практична и теоретска настава
  • Изучување на специјализирани Израелски тренинг методи за развој на самодовербата и способност за брза реакција во високо стресни ситуации.
  • Усогласување на предметите за развој на расудувањето, иницијативата, мотивацијата и самодовербата.

МЕТОДИ НА ИЗРАЕЛСКАТА ТАКТИКА ЗА ОДГОВОР НА НАПАД

Израелскиот тактички метод е потполно различен од другите борбени техники. Успехот потполно се базира на вистинско извршување.

Тој се развива и подобрува со децении наназад за конфликтите на Средниот Исток.
Водечкиот принцип на овој метод е да се неутрализира заканата, брзо, едноставно и на најинстиктивен начин.

Агресивноста, одлучноста и брзината се составни делови на Израелските тактички методи. Во контекст на ова се додава вистинското и логичко размислување.

За време на тренингот свесно се воведува “стресот”, за да самите студенти се навикнат да работат под притисок, придружени со актуелните случувања.

Разработувањето на овој систем започна 1975 год., кога за прв пат во Израел, Израелската Национална Полиција оснива специјализирана единица за справување со Против-тероризам и заложништво. Наречен е ЅАМАМ (Хебрејски израз за Специјална полициска единица), ова е за прв пат во историјата на Израел една единица да биде посветена за оваа намена.

Заради, посебноста на ЅАМАМ во против-тероризмот, спасување на заложници, насилството и криминалот, тие често се инволвирани во актуелните конфликти, посебно во урбната средина.

Ова големо искуство им овозможи на борците на ЅАМАМ да развијат режим за сеопфатно оспособување и со воена доктрина која се покажа многу ефективна и доверлива, да биде универзално прифатена од сите гранки на Израелскиот систем за безбедност, вклучувајќи ја и генералната служба за безбедност (служба која е слична со ФБИ и чија функција покрај другите работи е и заштитата на ВИП службеници), морнарски командоси, елитата на поморските командоси, Мосад и сета останата елита од војничките единици во Израел, како и останатите единици на Израелската Национална Полициска сила.

Овој многу сличен систем беше предаван на илјадници граѓани на Израел од сите свери на животот: бизнисмени, домаќинки, стари и млади лица, сите успешно го совладаа овој метод и преку искуство беше докажан како исклучително погоден, како за обичниот граѓанин така и за криминалистичкиот службеник или војник.

МОДУЛ 1-ИЗРАЕЛСКА МЕТОДА ЗА НЕВООРУЖЕНА ЗАШТИТА (КРАВ МАГА)

Крав Мага, на Хебрејски значи “Борбен конфликт” и претставува официјална воена вештина на Израелската Одбранбена Сила и Национална Полиција. Крав Мага е една исклучително практична и ефективна одбрана против насилните агресори. Поединци можат да се здобијат со високо ниво на вештина за релативно краток период на обука.
  • Оперативен фитнес
  • Вежби за сила
  • Издржливост
  • Брзина
  • Спретност
  • Одлучност
  • Агресивност и боречки вештини
  • Видови на напад
  • Разоружување на напаѓач-огнено оружје, ножеви, палки, рачни гранати и.т.н.
  • Техники на контрола, спречување и соборување
  • Премин преку толпа
  • Борење и фрлање

МОДУЛ 2-ИЗРАЕЛСКА МЕТОДА ЗА ВООРУЖЕНА ЗАШТИТА

  • Сигурносни иструкции
  • Запознавање со оружјето и неговите делови
  • Оперативна проверка на оружјето
  • Метод на инстиктивно пукање
  • Нишанење
  • Користење на 1 и 2 раце за пукање
  • Репетирање
  • Ставови за пукање - стоење / на колено / со вртење
  • Вртење за 360 степени и пукање
  • Трчање и пукање одејќи / трчајќи
  • Совладување застој на пиштол
  • Полнење и менување на шаржерот
  • Користење на заклони
  • Пукање во повеќе напаѓачи