ИНТЕРНАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ - МАКЕДОНИЈА
Израелски Антитерористички Тренинг Центар
Времетраење: 21 ден

ЦЕЛ НА ТРЕНИНГОТ:

да се подобрат оперативните карактеристики на тимовите кои работат во ВИП Заштитата.

ПОСТИГНУВАЊА НА СТУДЕНТИТЕ:

  • Ќе ги разберете основите на заштитниот тим, на начин што ќе ја потенцира тимската соработка и тимската комуникација во ВИП Заштитата.
  • Способноста да го испланирате безбедното доаѓање и заминување на ВИП со правилно користење на членовите од тимот за заштита.
  • Ќе разберете како да ја пренесете точно и прецизно информацијата (описи, насоки) до другите членови во тимот.
  • Ќе создадете способност како да изградите професионални контакти со околината во која ги изведувате безбедносните операци.
  • Ќе научите како да планирате и извршите заштитни операци кои вклучуваат движење со возила и пешки, поставување на командно место и одбирање на безбедносни позиции за членовите од тимот.
  • Користење на технички средства за тајно следење и набљудување, и како овие средства да бидат интегрирани во тимот.
  • Ќе ја разберете потребата од правилна селекција на членовите во тимот.
  • Ќе ја разберете потребата на постојано надградување на безбедносните мерки околу ВИП.
  • Ќе разберете како да ја планирата стратегијата на заштитниот тим

ТЕМИ НА КУРСОТ:

МОДУЛ 1- ВИП ЗАШТИТА ВО ДВИЖЕЊЕ (ПЕШКИ)-ТИМ
  • ВИП Заштита, прстени, формаци и структура-Тим
  • Одговорности и позици во Тим.
  • Методи, ситуации и реакции на напад
  • Безбедно место

МОДУЛ 2- ВИП ЗАШТИТА ВО ДВИЖЕЊЕ СО ДВЕ И ТРИ ВОЗИЛА
  • Оперативно излегување и влегување во возила
  • Оперативни позиции во возило
  • Планирање на конвој
  • Контрола врз конвојот
  • Видови на напади
  • Видови на заседи
  • Реакција во заседа
  • Евакуација на ВИП

МОДУЛ 3-КОРИСТЕЊЕ НА ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО ВИП ЗАШТИТАТА- ТИМСКИ ОПЕРАЦИИ
  • Тим од двајца
  • Тим од тројца
  • Тим од четворица
  • Box формација
  • Дијамант формација

МОДУЛ 4-ОТКРИВАЊЕ НА ТАЈНО СЛЕДЕЊЕ И НАБЉУДУВАЊЕ
  • Методи на тајно следење и набљудување
  • Слабости на тајно следење и набљудување
  • Откривање на начинот на кој терористот собира информации
  • Користење на технички средства за тајно следење и набљудување
  • Против мерки
  • Анализа на претходни настани
  • Тимска работа, методи и тактики за откривање на тајно следење и набљудување

МОДУЛ 5-ПРЕТХОДНО ПЛАНИРАЊЕ НА ОПЕРАЦИИ ЗА ВИП ЗАШТИТА (ПРЕТХОДНИЦА-ADVANCE)
  • Проверка на локација
  • Одредување на рути
  • Одредување на опасни точки
  • Правење на план за Претходница
  • Претходница во хотели, аеродроми, ресторани, прослави, концерти, болници

МОДУЛ 6-АНТИСАБОТАЖА-НАПРЕДЕН ДЕЛ
  • Самоубицји и самоубиствен тероризам

МОДУЛ 7-УПОТРЕБА НА СИЛА
  • Дефиниција и цел на полисата
  • Употреба на сила и употреба на смртоносна сила
  • Употреба на оружје
  • Ограничувања и правила
  • Оправданост на употреба на сила

МОДУЛ 8-МЕНАЏМЕНТ-ТИМ ЛИДЕР
  • Тактичко размислување
  • Одредување и проценка на закани
  • План за обезбедување на резиденција
  • План за обезбедување на канцеларија на ВИП
  • Делегирање на задачи
  • Мотивација
  • Собирање и анализа на разузнавачки информаци
  • Планирање и извршување на заштитни операци
  • Проценка на ризик и закана
  • Изработка на заштитно безбедносен план
  • Креирање на безбедносни постапки и процедури
  • Справување со стресни ситуаци
  • Поставување на Командно Место
  • Начин на ефективна комуникација во тимот